СВР Битола поднесе кривична пријава за Б.К. (21) од с. Дамјан, Радовишко, за сторени седум кривични дела тешка кражба, од кои три во обид.
Во периодот од декември 2013 до февруари 2014 година, пријавениот со употреба на погоден предемт и физичка сила ги извршил делата во манастирите „Св. Кристофер“ во с. Крсотар, „Св. Преображение“ во с. Буково и во црквата „Св. Јован Крстител“ во Битола, од каде што одзел свеќи и храна, нанесуваќи материјална штета од 6.500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.