ПС Струга поднесе кривична пријава за И.Л. (25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела разбојништво и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Вчера пријавениот маскиран и вооружен влегол во менувачницата „К-Виса“ во Струга при што со закана над вработената почнал да зема пари од сефот и касата. Вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега, при што е совладан, а потоа и приведен.
При претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени една рачна бомба, пиштол сопственост на неговиот татко и рамка со пет куршуми.
Основен суд Струга на приајавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст