| четврток, 6 декември 2018 |

Млад стружанец фатен во обид за вооружен грабеж на менувачница

ПС Струга поднесе кривична пријава за И.Л. (25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела разбојништво  и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Вчера пријавениот маскиран и вооружен влегол во менувачницата „К-Виса“ во Струга при што со закана над  вработената почнал да зема пари од сефот и касата. Вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега, при што е совладан, а потоа и приведен.

При претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени една рачна бомба, пиштол сопственост на неговиот татко и рамка со пет куршуми.

Основен суд Струга на приајавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top