Две лица загинаа минатата ноќ кога засега непознати напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск во источниот дел на Украина.
– Секоја ноќ на некој од нашите пунктови се случува некаков инцидент. Овој пат, членови на силите за самоодбрана пришле кон вооружените лица кои минувале и им побарале лични карти. Тие на тоа возвратиле со отворање оган – соопшти денеска портпарол на локалните проруски паравоени „сили за самоодбрана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.