| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца проруски сепаратисти загинаа при напад во Славјанск

ukrajinska_vojska_647376S1

Две лица загинаа минатата ноќ кога засега непознати напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск во источниот дел на Украина.

– Секоја ноќ на некој од нашите пунктови се случува некаков инцидент. Овој пат, членови на силите за самоодбрана пришле кон вооружените лица кои минувале и им побарале лични карти. Тие на тоа возвратиле со отворање оган – соопшти денеска портпарол на локалните проруски паравоени „сили за самоодбрана“.

Во тек е истрага за да се утврди кој стои зад нападот.
Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека нивните сили синоќа одбиле напад врз базата во Артемивск, град што се наоѓа меѓу Доњецк и Славјанск. При нападот е ранет еден украински војник, кој се наоѓа надвор од животна опасност.
Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, на својот профил на „Фејсбук“ денеска објави дека нападот го извршиле околу 70 лица предводени од руски војници.
Аваков информира и дека проруските активисти се повлекле од зградата на Градското собрание на Мариупољ, град на брегот на Црно Море, што неколку дена го држеле под „окупација“, по што градоначалникот „се вратил на своето работно место“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top