| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја: Бројот на загинати достигна 159

traekt-sevol-685x320

Бројот на потврдени жртви при потонувањето на траектот на 16 април во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја достигна 159, а над 143 лица се водат како исчезнати. Нуркачките екипи ја продолжуваат операцијата за нивно пронаоѓање. Властите стравуваат дека 302 од вкупно 476 лица што биле на траектот на 16 април се загинати.

Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323 ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект „Севол“ пред една недела. Само 174 лица се спасени во првите часови по несреќата.

Повеќето членови на екипажот се спасени. Дваесетмина од 29-члениот екипаж, меѓу кои и капетанот на фериботот, се приведени по различни обвиненија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top