Повремен дожд и грмежи се очекуваат во текот на денот, особено во попладневните и во вечерните часови. Локално, овие атмосферски процеси ќе донесат поинтензивен дожд и засилен ветер. Не се исклучува можноста за локална појава на врнежи од град. Во секој случај, не се очекуваат поголеми непогоди, односно ќе бидат во границите на нормалата за ова подрачје.
Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата ќе биде малку понизок во однос на претходниот ден. Максимална температура околу 19 Целзиусови степени се очекува во поголем дел од земјата, а за нијанса потопло, до 22 Целзиусови степени, ќе биде во гевгелискиот регион.
Во Скопје повторно се очекува нестабилност во текот на која ќе донесе и дожд, но и грмежи. Постои веројатност врнежи да има и во текот на вечерта. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 19 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


