| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Бардовци

soobrakajka-aaa

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила  попладнево на влезот од Бардовци во Скопје.

Од СВР Скопје  велат дека до несреќата дошло при судир на автомобили „рено“ и „ровер“, двете со скопски регистерски таблички.

-Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи на автомобилите, 29-годишниот Б.А. кој го возел „реното“ и 70-годишната В.Т. која  управувала со „роверот – велат од СВР Скопје.

Повредените се пренесени во градската болница „8-ми Септември“, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top