Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево на влезот од Бардовци во Скопје.
Од СВР Скопје велат дека до несреќата дошло при судир на автомобили „рено“ и „ровер“, двете со скопски регистерски таблички.
-Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи на автомобилите, 29-годишниот Б.А. кој го возел „реното“ и 70-годишната В.Т. која управувала со „роверот – велат од СВР Скопје.
Повредените се пренесени во градската болница „8-ми Септември“, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



