– Не знаеме дали ќе ја продолжиме и натаму соработката со Милетиќ. Тој, колку што знам, изрази жалење за тоа што го направил- изјави за „Република“ генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров. За него, учеството на нивниот коалиционен партнер не значи дека тие, односно СДСМ индиректно учества на избори. Петров смета дека треба да се занимаваме со тоа што околу 18 партии не се вклучени во изборниот процес.
Инаку, партијата Српска напредна странка чиј претседател е Драгиша Милетиќ ќе учествива на локланите избори со свој кандидат за градоначалник во скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски, потоа во Куманово, со Предраг Божичковиќ, како и во Старо Нагоричани. Милетиќ вчера најави дека ќе го поддржат кандидат во Чучер Сандево, а имаат советнички листи и во општина Илинден и Македонски Брод.
Најголема реакција во јавноста имаше веста дека Стевче Јакимовски, кој го прекрши договорот за бојкот на СДСМ, ќе настапи на избори под партијата на Драгиша Милетиќ. Јакимовски беше експресно исклучен од СДСМ, а Милетиќ се уште останува како дел од „Сојузот за иднината“.
– Свесен сум дека со оваа моја постапка нанесов штета на „Сојузот за иднината“, иако лично верувам и целосно сум убеден во исправноста на одлуката за бојкот на локалните избори- изјави Милетиќ откако се крена прашина за кандидатурите на Српска напредна странка на претстојните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ХДЗ за ново „квалитетно мнозинство“ во парламентот
-
МВР: Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на нападот врз Петров
-
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на Тодор Петров: Спасовски е срам за македонската држава!
-
Петров: Дали си победил или изгубил се мери со гласови на избори (ВИДЕО)