| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка избодена од љубовникот

tepana zena

Млад штипјанец по расправија со неговата девојка во Велес, ја удрил, апотоа и ја избодел. Девојката се бори за живот, а полицијата трага по штипјанецот.

Вчера околу 1 часот, во Велес, во куќата на М.Ј.(29), дошол нејзиниот пријател Ј.Т.(22) од Штип со кого била во љубовна врска, при што настанала вербална расправија во која Ј.Т. физички ја нападнал М.Ј., удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со нож и нанел две убодни рани во пределот на рацете и колено, од што истата паднала на подот.

М.Ј. е пренесена во Медицински центар Велес за укажување лекарска помош, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Т. и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top