| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна вистина за четките за заби

Според најновото истражување од универзитетот во Манчестер, просечната четкичка содржи десет милиони бакерии вклучувајќи Ешерихија коли и стафилокока, а во устата се наоѓаат меѓу 100 и 200 бактерии.

– Во неизмиена уста може да има микроби колку и на подот на бањата, изјави протетичарката, Ан Веи од Сан Франциско.

Вашата четкичка за заби е како магнет за бактерии, а ги собира од неколку извори. Ако ја чувате четкичката на мијалникот, на неа паѓаат честички додека ги миете рацете. Иста е ситуацијата и со пуштањето на вода во WC. Бактериите и вирусите тогаш остануваат доволно долго во воздухот за да се спуштат по целата бања. Истражувањето покажа дека бактериите
кои предизвикуваат дијареа после пуштањето на вода „одлетуваат“ и до 25 сантиметри во воздухот, пишува „Хафингтон Пост“.

Експертите советуваат четкичките на сите членови во домот да не стојат во иста чаша, затоа што така лесно можат да се пренесат бактериите, а тоа не е добро, особено ако некој од членовите на семејството е болен. Како да ја одржите чектичката чиста:

– на секои три, четири месеци купувајте нова четка
– користете вистинска паста за заби, некои од нив подобри ги убиваат бактериите во устата
– не ја делете својата четка со други
– чистете ја четкичката, наквасете ја понекогаш во течност за испирање на устата, особено ако четкичката ви паднала на подот
– затворајте ја даската на WC шолјата кога пуштате вода
– чувајте ја четкичката на место на кое има воздух, наместо во пластични садови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top