Од утре, 24 април низ кината во Македонија ќе почне да се емитува филмот „Одмазда на женски начин“ (The Other Woman) . Комедијата ќе ја има во кината „Синапелкс“ и во киното во Битола и во Кавадарци.
Три карактерно различни жени имаат само една заедничка работа во животот – истовремено ги изиграл ист маж. Повеќе не е важно која ќе биде со него, туку како да му се одмаздат. Одмаздата на „женски начин“ ги доведува во низа комични ситуации. Откако дознала дека дечко и’ е оженет, главниот женски лик (Камерон Дијаз) се обидува да го среди својот разнишан живот и да се врати на „вистинскиот пат“. Меѓутоа, кога случајно ќе ја запознае неговата жена (Лесли Ман) согледува дека двете имаат многу заеднички нешта. Набрзо, смртните непријатели стануваат неразделни и добри пријателки. Откако ќе откријат уште една љубовница (Кејт Аптон), трите жени ги здружуваат силите и смислуваат заедничка одмазда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура