| четврток, 6 декември 2018 |

Банките бележат раст на кредитирањето

pari

Расте кредитирањето. Во март банките дале 42,5 милиони евра повеќе кредити во однос на февруари, покажуваат последните податоци на НБРМ. Вкупните кредити изнесуваат 3 милијарди 845 милиони евра, објави Сител.  Кредитирањето расте во континуитет годинава. Во февруари беше забележан раст од 7 отсто, што е над проекцијата за  2014 година. Банкарите велат дека расте кредитирањето на стопанството, затоа што расте економијата. Фирмите кои имаат добри проекти секогаш добиваат кредит, е ставот на банкарите.

Од вкупните кредити 1,5 милијарди евра се дадени кај населението. Од нив најголем дел, близу половина се потрошувачки кредити, кредитини картички и минус на трансакциски сметки.

Банкарите тврдат дека опаѓа процентот на спорни или нефукнционални кредити кај населението. Како такви НБРМ навела околу 85 милиони евра во март.

За кредитите кои ги користи населението банкарите минатиот месец наплатиле камата од над 25 милиони евра.

Паралелно со растот на кредитите, растат и депозитите. Во однос на февруари растот изнесува 25, 7 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top