| четврток, 6 декември 2018 |

Тарчуловски: Во најтешките моменти само ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски беа зад мене

јохан тарчуловски

Јохан Тарчуловски вечерва на митингот во Гази Баба говореше за придобивките од програмата „Проверено. Според него, во програмата има место за секого.

– Јас сум прв претседател на УМС во Бутел. Кога се случи ситуацијата кога бев осуден, единствена поддршка и морална сила ми беше премиерот. Тогаш како опозиција, па после и како премиер беше зад мене. Во најтешки моменти кога се срамеа другите да кажат дека ме знаат, премиерот секое време беше тука за мене. Тие негови зборови сите 8 години ми даваа сила во душата зашто знам дека оние со кои сум израснал се зад мене и не ме оставаат. Лојалноста и чесноста се враќаат со добро – истакна Тарчуловски.

Како што истакна тој, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, има место за секого и дека премиерот посебно на сите целни групи внимава за секој да се најде во програмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top