| четврток, 6 декември 2018 |

Во Туриција: Ердоган забрани собири на Таксим на први мај

ердоган

Реџеп Таип Ердоган, премиерот на Турција забрани собири на плоштадот Таксим во Истанбул на Светскиот ден на трудот, први мај. Тој апелираше да не се нарушува мирот на населението, кое не сака на улиците да доминираат камења и молотови коктели.

Турскиот премиер им предложи и други места за собирање на 1 мај, понудувајќи им и бесплатен провоз.

Левичарските синдикати најавија дека ќе ја игнорираат забраната за собирање на Таксим. Во понеделникот полицијата употреби солзавец врз членовите на организацијата Комитет 1 мај, во која членуваат претставници на синдикатот и на невладините организации, за да ги спречат да издадат соопштение за демонстрациите што се планирани на 1 мај на Таксим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top