| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола најмногу се користи електронска здравствена картичка

zdravstvena karticka

Во Битола најмногу се користи електронската здравствена картичка, а веднаш по неа е Струмица во користењето на електронските услуги на ФЗОМ.

-Битола е прв град што има најголема искористеност и дистрибуција на електронски здравствени картички, односно дури 80 отсто од жителите на општината ја користат електронската здравствена картичка и немаат потреба од печатени сини картони. Битола е и вториот град во државата, веднаш по Струмица, според употребата и користењето на електронски услуги, односно дури 40 отсто од сите фирми од ова подрачје без доаѓање во службите на ФЗОМ, преку своите интернет конекции и со електронската картичка може да ја ажурираат состојбата за своите вработени и нивните семејства по однос на здравственото осигурување, истакнна директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева-Змејкова по посетата на подрачната служба на ФЗОМ во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top