Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 6 Никола Попоски денеска ги презентираше пакет мерките за помагање на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд, предвидени со новата програма.
– Овие мерки се наменети за самохрани родители, за деца без родители, за родители на деца со посебни потреби, како и за оние кои подолг временски период останале без вработување како резултат на стечај или ликвидација на фирма, а се на возраст од 50 до 62 години, а воедно и на најмладите до 29 години, појасни Попоски.
За нив, како што рече, според програмата е предвидено државата да го субвенционира нивното вработување во рок од шест месеци со покриени трошоци и осигурување. – Воедно работодавачот ќе има обврска да ги задржи најмалку уште 12 месеци, при што во рок од 18 месеци би можеле и понатаму да се задржат на работа, додаде Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.