| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Поддршка за занаетчиството во Македонија

milososki500

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Петата изборна единица Антонио Милошоски оствари средба со занаетчиите во Битола.

На средбата тој истакна дека во програмата „Проверено“ е вклучена мерка за признавање на 60 проценти од трошоците за производство на занаетчиски работи, за набавка на алат и за обука на занаетчија мајстор.

– Сметаме дека овој дел од традиционалното занаетчиство, посебно во градови коишто ја имаат таа култура како Битола, треба да се поддржува за да можеме и за нивните приходи и за нашето стопанство, но и за понудата во самата чаршија особено во однос на туризмот да биде зголемена и да биде побогата, а со самото тоа тие да имаат полесни услови за работа и за дејствување и за вработување дополнителни лица во нивните дуќани – рече Милошоски.

Тој посочи дека со овие мерки се планира поддршка на занаетчиството во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top