| четврток, 6 декември 2018 |

Уличните музичари и артисти и годинава ќе ги забавуваат скопјани

univerzalna sala

Единствената специјализирана концертна сала во земјава, „Универзална сала“-Скопје, во очекување на нејзината реконструкција, годинава најави широка лепеза на програмски активности.

„Уличните музичари и артисти“ е проект за кој „Универзална сала“ веќе го распиша конкурсот, а го организира трета година по ред. Оттаму најавуваат дека се очекува бројот на учесниците, кои со свои перформанси под отворено небо ќе ги анимираат граѓаните на Скопје, да биде меѓу 25 и 30.

„Македонскиот радиски фестивал“ ќе се одржи во последната седмица од ноември, влегува во својата шеста година и прераснува во еден од најреномираните фестивали на забавна музика на Балканот на кој се присутни сите македонски изведувачи и автори кои со своите хитови ја одбележале тековната година.

„Скопската летна сцена“ е проект кој се одржува на сцената пред платото на „Универзална сала“ и кој во летниот период ја збогати културната понуда на градот. Во рамките на овој проект во септември ќе се одржи „Акустик сквер фестивалот“ на кој ќе се претстават млади кантавтори, изведувачи и групи од цела Македонија.

„Лица без маски“ е фестивал на драмски театри од земјата и странство, кој „Универзална сала“ во април го реализира заедно со „Театар 007“ и за кој годинава се очекува да има одличен прием и посетеност.

„Ние сме најдобри“ е проект чија основна замисла е ангажирање на средношколската младина на територијата на град Скопје кој во себе носи уметнички потенцијал. Првата ваква манифестација се одржа минатата година и наиде на голем одек.

„Информативни средношколски центри“ е проект со кој се настојува да се добијат голем број на информации од градските јавни установи до средношколската популација, која е целна група на многу проекти кои се одвиваат во рамките на овие установи.

„Скопје креатива 2013“ е проект за развој и поттик на креативното размислување и примена на нови креативни индустрии за поттикнување на економскиот развој на општеството во различно општествени и културни сегменти.

Годинава ќе бидат одбележани и 50 години од земјотресот во Скопје и за оваа цел „Универзална сала“ ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и физички лица кои би се вклучиле во овој проект и би дале свој допринос во квалитетот на програмата.

Во веќе реализираните проекти на „Универзaлна сала“ е Божиќниот концерт, кој секоја година се одржува во прекрасна атмосфера, во преполна сала и со истакнати уметници од земјата и странство продружувани од оркестарот „Скопски солисти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top