| четврток, 6 декември 2018 |

Има 39 сопруги и 127 деца

Шеесетидевет годишнио Зион Чана е лидерот на оваа голема полигамна заедница. Овој Индиец со неговите 39 сопруги и 127 деца живее во зграда со стотина соби во едно село во близина на Ајзол, Индија.

Сите тие се дел од сектата „Кана“ која во 1930 година ја основал дедото на Зион и денес има 1.700 членови.

Тие веруваат дека Исус наскоро ќе се врати на земјата и слепо ги следат наредбите на водачот наследник Зион .

Во сектата владее строга дисциплина. Лидерот има своја соба, а жените спијат заедно во неколку големи соби. Најмладите деца спијат блиску до него, а како стареат така се сместуваат што подалеку.

Во секое времe на денот или ноќта, Зион може од неговите сопруги да бара секс, а тие немаат право да го одбијат.

– Зион е најважната личност во нашата куќа и најубавиот маж во селото – објаснува Ринкими (35), една од сопругите.

Сектата поседува и споствено училиште, игралишта, фарма со живина и градина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top