Долгодишниот тренер во НБА лигата Рик Аделман реши да и стави крај на својата тренерска кариера во НБА лигата која траеше 23 години. Тој си заминува од клупата на Минесота Тимбервулфс по три години престој. Аделман беше тренер и во Портланд и Сакраменто кога овие два клуба ги имаа свои најблескави моменти во лигата.
Во кариерата има остварено 1042 победи и се наоѓа на осмото место во историјата во најсилната светска лига.
Тој се повлекува една година порано од договорот кој го имаше со клубот, но ќе остане во Минесота како советник за спортски операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


