Последното писмо на покојната принцеза Дајана која го напишала две седмици пред трагичната смрт во Париз се продава на аукција.
Принцезата на срцата, како што ја нарекуваа поради нејзината хуманитарна работа, писмото го напишала по посетата во Босна и Херцеговина каде што се запозна со повредените од нагазни мини. Во писмото таа открива дека посетата на БиХ ја зацврстила нејзината одлучност да го запознае светот со последиците од нагазните мини.
„Ви благодарам што ми пишувате за да ме информирате за помошта која им ја пружате на камповите каде што се бегалците и што им овозможувате на децата да заминат во странство по протези. Немав доволно време да го посетам Мостар додека бев во Мостар, а посетив и неколку жртви од мини и нивни семејства. Бев длабоко погодена од тоа искуство и тоа ме поттикна да се погрижам за светот да не ги заборави оние кои се осакатени од ова страшно оружје“, напишала Дајана во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.