| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Коцкарска зона на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин поднесе денеска до Државната дума предлог закон за легализација на коцката на полуостровот Крим, кој пред еден месец се присоедини кон Русија.

Парламентот најверојатно ќе го усвои предлогот, а тогаш локалните власти на Крим ќе треба да одредат зони во кои коцкањето е дозволено. Предлогот претставува обид економски да се зајакне полуостровот.

Според заменик-премиерот на Крим Рустам Термигалиев, идната зона коцкарници на Крим ќе биде сериозна конкуренција на Макао, Монте Карло и Лас Вегас.

– Наша задача е да создадеме туристички кластер кој ќе функционира за време на целата година, користејќи ја зоната со коцкање како предност, рече Термигалиев.

По забраната на коцкањето во 2009 година, во Русија се создадени четири зони во кои коцкањето е дозволено, а тоа се Владивосток, Алтај, Краснодар и Каљининград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top