
Од првиот до седмиот ден од менструацијата жените се најмалку расположени за секс. Во деновите пред менструацијата жените не сакаат да се впуштаат во сексуални односи бидејќи им опаѓа нивото на естроген. Доколку сакате секс во овие денови послужете се со лубриканти за вагината да биде повлажна.
Жените се најрасположени за секс од осмиот до четиринаесеттиот ден после менструацијата. Тогаш се и најплодни, па би требало да обрнете внимание на контрацепцијата. И мажите им се најпривлечни на жените во овој период бидејќи тогаш овулираат. Иако за тоа можеби не сте свесни, жените во овој период имаат „моќ“ за привлекување.
Од 15-от до 21-от ден – сè уште трае силниот сексуален нагон, па искористете го тоа што е можно повеќе.
Од 21-от до 28-от ден расте нивото на прогестерон, а тоа е знак дека се приближува следата менструација и дека вашата желба за секс полека опаѓа. Исто така, во овој период се чувствувате и помалку секси.
Извор: Портал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


