| четврток, 6 декември 2018 |

Кога на жените не им е до секс, а кои денови имаат најсилен сексуален нагон

Постојат денови кога жените воопшто не се расположени за секс, но постојат и оние денови кога едноставно не можат, а да не размислуваат за тоа како и кога ќе се најдат со партнерот во кревет.

seks

Од првиот до седмиот ден од менструацијата жените се најмалку расположени за секс. Во деновите пред менструацијата жените не сакаат да се впуштаат во сексуални односи бидејќи им опаѓа нивото на естроген. Доколку сакате секс во овие денови послужете се со лубриканти за вагината да биде повлажна.

Жените се најрасположени за секс од осмиот до четиринаесеттиот ден после менструацијата. Тогаш се и најплодни, па би требало да обрнете внимание на контрацепцијата. И мажите им се најпривлечни на жените во овој период бидејќи тогаш овулираат. Иако за тоа можеби не сте свесни, жените во овој период имаат „моќ“ за привлекување.

Од 15-от до 21-от ден – сè уште трае силниот сексуален нагон, па искористете го тоа што е можно повеќе.

Од 21-от до 28-от ден расте нивото на прогестерон, а тоа е знак дека се приближува следата менструација и дека вашата желба за секс полека опаѓа. Исто така, во овој период се чувствувате и помалку секси.

Извор: Портал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top