| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца подготвена за баба и свекрва

ceca1

Српската турбо-фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ за српски „Блиц“ изјавила дека одлично се снаоѓа со  партнерите на нејзините деца Вељко (18) и Анастазија (16). Синот на Цеца извесно време се забавува со ќерката на семејни пријатели, Маша Терзиќ, а неговата сестра Анастазија од неодамна е во врска со постариот брат на Маша, Коста.

Фолк ѕвездата вели дека на прво место е среќата на нејзините деца и дека не им се меша во изборот на партнерите.

– Јас веќе сум одлична баба и свекрва. Воопшто не се плашам дека еден ден кога моите деца ќе стапат во брак дека ќе се променам во тој однос. Сепак на секој родител треба среќата на децата да му биде на прво место – изјавила пејачката.

Цеца за најголемиот христијански празник Велигден престојува во својата вила на Кипар, каде што заминала на неколку дена со своето семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top