| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Ќе развиеме електронски водич за сите манастирски капацитети

todorov-del500

Носителот на листата во третата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, денеска го промовираше проектот за развој на манастирскиот туризам во Македонија.

-Денеска сакам да промовирам уште еден проект од 2.046-те проекти. Тоа е проектот за развој на манастирскиот туризам. Со овој проект предвидуваме во соработка со МПЦ ОА да развиеме  веб-страница со електронски водич за сите манастирски капацитети кои нудат можности за сместување и манастирски туризам, изјави Тодоров по посетата на црквата „Воскресение Христово“ во скопско Зелениково.

Предвидуваме, нагласи, проектот да се реализира во периодот 2014-2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top