| четврток, 6 декември 2018 |

Политиката на грчката држава кон „непостојното“ малцинство

Од грч­ки­те офи­ци­јал­ни кру­го­ви по­зи­тив­ни­от ре­зул­тат од кра­јот на Гра­ѓан­ска­та вој­на (1946-49) прет­ста­ву­вал мож­ност ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње во са­ма­та грч­ка др­жа­ва, но и во над­во­реш­ни­от свет, да се при­ка­же ка­ко „не­по­сто­ен проб­лем“

Istorija85-1

То­гаш­ни­от курс на грч­ка­та др­жа­ва, кој трае до де­нес, спо­ред пуб­ли­ци­стот Та­сос Ко­сто­пу­лос, се те­ме­лел на не­ос­но­ва­ни­те фа­кти, де­ка, по „за­ми­ну­ва­ње­то“ на го­лем број Ма­ке­дон­ци по Гра­ѓан­ска­та вој­на, оста­на­то­то ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние, кое про­дол­жи­ло да жи­вее во рам­ки на грч­ка­та др­жа­ва, „се ка­ра­кте­ри­зи­ра­ло со јас­на грч­ка свест и по­ра­ди тоа ја при­фа­ќа­ат и ба­ра­ат де­фи­ни­тив­но да би­дат аси­ми­ли­ра­ни кон дру­го­то [грч­ко] на­ци­о­нал­но ја­дро“. По­ли­ти­ка­та на т.н. не­по­сто­ен проб­лем зна­че­ло не­при­фа­ќа­ње јав­на ди­ску­си­ја на оваа те­ма, не са­мо на ме­ѓу­на­ро­ден план, ту­ку и во рам­ки на вна­треш­ни­от по­ли­тич­ки жи­вот. Офи­ци­јал­на грч­ка по­зи­ци­ја, со јас­но об­јас­ну­ва­ње и да­ва­ње на­со­ки во тој пра­вец, во грч­ки­от пар­ла­мент во но­ем­ври 1950 го­ди­на ја из­нел то­гаш­ни­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти Јо­а­нис Соф­ја­но­пу­лос. Име­но, ди­ску­ти­рај­ќи за пра­ша­ње­то за вос­по­ста­ву­ва­ње дип­ло­мат­ски од­но­си ме­ѓу Гр­ци­ја и Ју­гос­ла­ви­ја, Соф­ја­но­пу­лос се навра­тил на ед­но ин­терв­ју на Ти­то за „Њу­јорк тајмс“, во кое ју­гос­ло­вен­ски­от пре­тсе­да­тел се за­ло­жил за пра­ва­та на ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво во Гр­ци­ја, но и јас­но ста­вил до зна­е­ње де­ка Ју­гос­ла­ви­ја не­ма ни­ка­кви те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии кон грч­ка­та др­жа­ва. За пос­лед­ни­от став на Ти­то, Соф­ја­но­пу­лос изра­зил за­до­волс­тво, но за пра­ва­та на ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво го иска­жал след­но­во:
„Но, исто та­ка, ќе бе­ше мно­гу за­до­во­ли­те­лен че­кор за уна­пре­ду­ва­ње­то на пре­го­во­ри­те што ќе сле­ду­ва­ат, Ти­то да из­ја­ви, исто та­ка, јас­но, де­ка не чув­ству­ва ни­ка­ква по­тре­ба да за­шти­ти ни­ка­ков вид на не­ка­кво си не­по­стој­но ма­ке­дон­ско мал­цинс­тво. Пред ре­чи­си 25 го­ди­ни, мал­цинс­тва­та, во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, спо­ред ме­ѓу­на­род­на­та ети­ка, мо­ра да би­дат за­шти­те­ни. Но, спо­ред ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, мо­же да би­дат за­шти­те­ни са­мо тие мал­цинс­тва што ја по­чи­ту­ва­ат зем­ја­та во ко­ја жи­ве­ат, ако мал­цинс­тва­та не по­ка­жу­ва­ат ло­јал­ност спре­ма др­жа­ва­та во ко­ја жи­ве­ат, за­шти­та, спо­ред ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, не мо­же ни­ту да се за­мис­ли, ни­ту да се оправ­да. Ко­га сме ве­ќе кај ова, око­лу за­шти­та­та на мал­цинс­тва­та, кои во пра­кти­ка по­ка­жаа не­ло­јал­ност кон др­жа­ва­та во ко­ја жи­ве­ат, сле­до­ва­тел­но исто­то е не­при­фат­ли­во“.

За ва­кви­от став на ми­ни­стер ќе се за­др­жи­ме по­до­лу во тек­стот. На 26 мај 1951 го­ди­на то­гаш­ни­от грч­ки пре­ми­ер Ни­ко­ла­ос Пла­сти­рис во пар­ла­мен­тот ја по­вто­рил из­ја­ва­та де­ка во Гр­ци­ја не по­стои ма­ке­дон­ско мал­цинс­тво. До­де­ка, по­ра­неш­ни­от грч­ки пре­ми­ер Ге­ор­ги­ос Па­пан­дреу, кој бил кри­ти­ку­ван од не­кол­ку грч­ки дес­ни­чар­ски вес­ни­ци де­ка во март 1965 го­ди­на за вре­ме на офи­ци­јал­на­та по­се­та на Бел­град ја по­ста­вил оваа „та­бу-те­ма“, од­го­во­рил:
„За Гр­ци­ја не по­стои ма­ке­дон­ски проб­лем. Сле­до­ва­тел­но на тоа, не е мож­но да прет­ста­ву­ва те­ма за раз­го­вор“.

Глав­на цел на грч­ка­та др­жа­ва по кра­јот на Гра­ѓан­ска­та вој­на би­ла об­но­ва­та на прет­став­нич­ки­те ин­сти­ту­ции и пар­ла­мен­тар­на­та де­мо­кра­ти­ја, кои во го­ле­ма ме­ра за­ви­се­ле од сту­де­на­та вој­на, од аме­ри­кан­ска­та по­мош и ки­пар­ски­от проб­лем. Кра­јот на иде­о­ло­шки­от су­дир са­мо по се­бе не зна­чел и пре­кин на про­го­нот, на ин­тер­на­ци­и­те и на мал­тре­ти­ра­ња­та на ко­му­ни­сти­те и на тие што од офи­ци­јал­на Ати­на би­ле ети­ке­ти­ра­ни ка­ко та­кви. Во си­ла сè уште бил за­ко­нот 509 од 1949 го­ди­на, спо­ред кој по­ли­ци­ја­та има­ла пра­во да дејс­тву­ва про­тив се­кој тој што ќе бил осом­ни­чен за ле­ви­чар­ски актив­но­сти, а по­твр­да за по­ли­тич­ко­то убе­ду­ва­ње би­ла не­оп­хо­ден до­ку­мент за си­те што са­ка­ле да се вра­бо­тат во др­жав­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја, да до­би­јат па­сош, па ду­ри и во­зач­ка доз­во­ла. Ко­ри­стеј­ќи ја нак­ло­не­то­ста и учес­тво­то на го­лем број ет­нич­ки Ма­ке­дон­ци на стра­на­та на КПГ и ДАГ во те­кот на Гра­ѓан­ска­та вој­на, грч­ки­те вла­сти, ети­ке­ти­рај­ќи ги исти­те, без раз­ли­ка, а во мно­гу слу­чаи и не­ос­но­ва­но, ка­ко „ко­му­ни­сти“ и „аген­ти на Ти­то и на Ју­гос­ла­ви­ја“, го про­дол­жи­ла те­ро­рот и мал­тре­ти­ра­ње­то со исто тем­по. Во таа на­со­ка би­ло и об­ви­ну­ва­ње­то на ми­ни­сте­рот Соф­ја­но­пу­лос за евен­ту­ал­на не­ло­јал­ност на ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци кон грч­ка­та др­жа­ва во те­кот на Гра­ѓан­ска­та вој­на, иа­ко, на при­мер, НОФ јав­но дек­ла­ри­рал де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род ќе се бо­ри за „рам­но­прав­ност во рам­ки­те на не­за­висна де­мо­крат­ска Гр­ци­ја“.

Не­за­до­во­ли­тел­ни­те ре­зул­та­ти по­стигна­ти во про­це­сот на аси­ми­ла­ци­ја на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние во пер­и­од од прик­лу­чу­ва­ње­то на егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја кон Гр­ци­ја (1913) до за­вр­шу­ва­ње­то на Гра­ѓан­ска­та вој­на, прет­ста­ву­ва­ле до­бар по­вод за „чу­ва­ри­те на грч­ка­та на­ци­ја“ да про­дол­жат со изра­бо­ту­ва­ње по­себ­ни аси­ми­ла­ци­ски про­гра­ми. На­правeни­те ана­ли­зи во др­жа­ва­та од по­че­то­кот на пе­де­се­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век, по­ка­жа­ле не­по­сто­е­ње на хо­мо­ге­ност и чув­ство за при­пад­ност на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние кон грч­ка­та на­ци­ја во егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја. Спо­ред стро­го до­вер­ли­ви­те из­ве­штаи од тој пер­и­од, глав­на при­чи­на за ва­ква­та „ано­ма­ли­ја“ во грч­ко­то оп­штес­тво би­ла го­ле­ма­та упо­тре­ба на ма­ке­дон­ски­от ја­зик во ко­му­ни­ка­ци­ја­та на ло­кал­но­то на­се­ле­ние, но, и спо­ред грч­ки­от ан­тро­по­лог Ана­ста­си­ја Ка­ра­ка­си­ду, по­сто­е­ње­то на „ед­на по­тај­на свест – или мо­же пот­свест – за сла­во­ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет“, кој про­дол­жил „да оп­сто­ју­ва ме­ѓу по­го­ле­ми­от дел од ло­кал­но­то на­се­ле­ние“. Во „на­ци­о­нал­на­та ми­си­ја“ за аси­ми­ла­ци­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те во Гр­ци­ја би­ле вклу­че­ни: вла­да­та, ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва, обра­зо­ва­ни­е­то, цр­ква­та, вој­ска­та и по­ли­ци­ја­та. Овие ин­сти­ту­ции има­ле за­да­ча да из­гра­дат грч­ки на­ци­о­на­лен иден­ти­тет кај Ма­ке­дон­ци­те, т.е. да из­вр­шат ре­кон­струк­ци­ја на на­ци­о­нал­ни­те чув­ства со се­та же­сто­кост и ми­ни­ма­лен от­пор.

По­во­е­на­та грч­ка до­ку­мен­та­ци­ја ги откри­ва мер­ки­те и на­со­ки­те на ин­сти­ту­ци­о­нал­но­то дејс­тву­ва­ње на др­жа­ва­та во транс­фор­ми­ра­ње­то на све­ста на ма­ке­дон­ско­то мес­но на­се­ле­ние. На­ци­о­нал­ни фа­кто­ри во Гр­ци­ја дош­ле до зак­лу­чок, де­ка нај­до­бар на­чин за ис­чез­ну­ва­ње на „ком­пакт­но­то ксе­но­фо­но мал­цинс­тво“ во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја би­ла ја­зич­на­та аси­ми­ла­ци­ја. Пред­во­е­ни­те за­кон­ски акти што се од­не­су­ва­ле на „ја­зич­ни­от проб­лем на дво­ја­зич­ни­те“, во де­це­ни­и­те по Гра­ѓан­ска­та вој­на се на­до­пол­ну­ва­ле. Би­ле изра­бо­ту­ва­ни но­ви про­гра­ми, кои се те­ме­ле­ле на до­то­гаш­ни­те аси­ми­ла­ци­ски искус­тва, но прис­по­со­бе­ни и на но­во­на­ста­на­та­та си­ту­а­ци­ја на Бал­ка­нот.

За­си­лу­ва­ње на „на­ци­о­нал­на­та деј­ност“ врз ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние би­ло пред­ви­де­но со до­ку­мент од есен­та 1951 го­ди­на. Ми­ни­стерс­тво­то за се­вер­на Гр­ци­ја, по прет­ход­на кон­сул­та­ци­ја со Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти, кое би­ло над­леж­но за „на­ци­о­нал­ни ра­бо­ти“, ис­пра­ти­ло од­го­вор на прет­ход­но по­ба­ра­ни­те упат­ства за тој „проб­лем“ од стра­на на На­ци­о­нал­ни­от со­јуз на ре­зерв­ни офи­це­ри во Ко­стур. Ми­ни­сте­рот С. Сте­ри­о­пу­лос, за по­стиг­ну­ва­ње на „цел­та“, ги со­ве­ту­вал ре­зерв­ни­те офи­це­ри пре­ку „про­све­та и со­од­ве­тен од­нос“ да се по­стиг­не „за­си­лу­ва­ње на грч­ки­те на­ци­о­нал­ни чув­ства“ кај Ма­ке­дон­ци­те, кои по вој­на­та оста­на­ле да жи­ве­ат во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја. Во до­ку­мен­тот се наг­ла­су­ва­ла по­тре­ба­та Ма­ке­дон­ци­те „да ста­нат не са­мо Гр­ци по свест, ту­ку и ја­зич­но, отфр­лу­вај­ќи го ксе­но­фо­ни­от ја­зи­чен иди­ом, кој го збо­ру­ва­ат ме­ѓу­себ­но во сво­и­те до­мо­ви“.

На­мет­ну­ва­ње на грч­ки­от ја­зик на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние се вр­ше­ло и со отво­ра­ње ло­кал­ни ра­ди­о­ста­ни­ци. Во Ко­стур би­ла отво­ре­на во 1953 го­ди­на од стра­на на Крал­ски­от на­ци­о­на­лен ин­сти­тут, а во Ле­рин во 1956 го­ди­на од стра­на на ар­ми­ја­та. По­сто­е­ње­то на овие ра­ди­о­ста­ни­ци се оправ­ду­ва­ло со „на­ци­о­нал­ни­те по­тре­би“ на грч­ка­та др­жа­ва, но се­ка­ко де­ка бил и еден од на­чи­ни­те грч­ки­от ја­зик да „нав­ле­зе“ во ма­ке­дон­ски­те до­мо­ви.

Мер­ки­те за аси­ми­ла­ци­ја, кои би­ле пре­зе­ме­ни во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век, нај­че­сто би­ле ини­ци­ра­ни од од­дел­ни ин­сти­ту­ции или лич­но­сти. Вни­ма­ние се по­све­ту­ва­ло при из­бо­рот на све­ште­ни­ци и учи­те­ли во ксе­но­фо­ни­те на­сел­би. Отво­ра­ње­то за­ба­ви­шта оди­гра­ло го­ле­ма уло­га во ја­зич­на­та аси­ми­ла­ци­ја во пол­ски­те се­ла. Де­ца­та, од нај­ра­на во­зраст, по­го­лем дел од де­нот се од­во­ју­ва­ле од нив­но­то се­мејс­тво, со цел по­лес­но да им се на­мет­нел грч­ки­от ја­зик. Ро­ди­те­ли­те би­ле убе­ду­ва­ни де­ка со пра­ќа­ње­то на сво­и­те де­ца во за­ба­ви­ште до­би­ва­ле по­ве­ќе вре­ме за из­вр­шу­ва­ње на зем­јо­дел­ски­те ра­бо­ти.

Па­ра­лел­но со овие про­це­си би­ле из­не­су­ва­ни пред­ло­зи за пре­се­лу­ва­ње на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние во јуж­ни­те де­ло­ви на грч­ка­та др­жа­ва, или, пак, нив­но де­пор­ти­ра­ње во то­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја и Бу­га­ри­ја. Та­ка, на при­мер, во со­лун­ски­от вес­ник „Неа алит­ја“ на 12 мај 1952 го­ди­на, пи­шу­ва: „По­стои еден од­на­пред под­го­твен план, кој ние го прет­ста­ву­ва­ме од сè ср­це… Сла­во­ма­ке­дон­ци­те тре­ба да се пре­ду­пре­дат, ако са­ка­ат да жи­ве­ат во Гр­ци­ја, тре­ба да се пре­не­сат на југ и во нив­ни­те око­лии да се на­се­лат жи­те­ли (Гр­ци, б.н.) од југ“. Овој „проб­лем“ бил разг­ле­ду­ван и во шта­бот на тре­ти­от кор­пус, со учес­тво на ми­ни­сте­рот за се­вер­на Гр­ци­ја, Ге­ор­ги­ос Стра­тос. Ин­фор­ма­ции за сред­ба­та доз­на­ва­ме од атин­ски­от вес­ник „Ет­нос“, во кој пи­шу­ва де­ка во об­ла­сти­те со мно­зинс­тво на „Сла­во­ма­ке­дон­ци“ ќе би­дат на­се­ле­ни „чи­сти Гр­ци“, со цел да се соз­да­де „без­бед­нос­на зо­на“. На 4 август 1953 го­ди­на грч­ка­та вла­да до­не­ла де­крет за „пре­на­се­ле­ност“ на по­гра­нич­ни­те об­ла­сти, со кој се пред­ви­ду­ва­ло исе­лу­ва­ње на на­се­ле­ние во 30-ки­ло­ме­тар­ска­та по­гра­нич­на зо­на и на­се­лу­ва­ње на ли­ца со „до­ка­жа­но на­ци­о­нал­но убе­ду­ва­ње“. Врз ос­но­ва на овој де­крет би­ло исе­ле­но ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние од се­ла­та Ру­да­ри, Гер­ман, Р’мби, Оров­ник, Л’ка, В’мбел, Брез­ни­ца и Ви­ше­ни.

Ка­ко и да е, ва­ква­та по­ли­ти­ка на грч­ка­та др­жа­ва де­цид­но по­ка­жу­ва де­ка вла­сти­те во Ати­на би­ле до­бро за­поз­на­е­ни со ре­ал­но­ста во де­ло­ви од се­ве­рот на др­жа­ва­та, т.е. за по­сто­е­ње на ком­пакт­но ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но мал­цинс­тво, но др­жав­на­та стра­те­ги­ја им на­ла­га­ла, ка­ко ме­ѓу до­маш­на­та јав­ност, та­ка и пред ме­ѓу­на­род­ни­те фа­кто­ри, исто­то да го про­мо­ви­ра­ат ка­ко „не­по­сто­ен проб­лем“, а па­ра­лел­но да ра­бо­тат на не­го­во ис­чез­ну­ва­ње, т.е. аси­ми­ли­ра­ње и ин­кор­по­ри­ра­ње во грч­ка­та на­ци­ја-др­жа­ва.

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 84. број на неделникот „Република“, 11.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top