| четврток, 6 декември 2018 |

На тајна локација претставена е новата суперлимузина на Путин

На тајна локација во Москва претставen e „кортекс”, прототипит на луксузната лимузина наменета за рускиот претседател Владимир Путин, пренесува рускиот сајт „Вести“.

На новинарите им беше дозволено да ја видат само прелиминарна верзија на автомобилот. Ним им било забрането да фотографираат, а сите електронски уреди морале да ги остават на влезот на фабриката.

– Сите идеи се базирани на автомобилите од ерата на Брежнев, како и врз некои странски брендови, како што се “„ролс ројс”, „мерцедес”, „ауди” – рече Максим Нагајчев, директорот на „ФСУЕ“, компанијата која ќе го произведе автомобилот.

На проектот „кортез” се работи уште од 2012 година, кога по нарачка на Путин започна дизајнирањето на новата рускка лимузина.Уште тогаш беше одлучено дека автомобилот нема да е наменет за поединци, туку само за претседателот на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top