| четврток, 6 декември 2018 |

Христос Воскресна! Честит Велигден!

Велигден е празник на Воскресението на Господ Исус Христос и Ден на нашето спасение. Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.

Без верување во Христовото воскресение не е можно да се верува во Христа како Спасител. Со еден збор: не е можно Христијанството; не е можно да се биде Христијанин. Затоа Апостолот Павле одлучно и јасно изјавува: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна њ и вашата вера”. Сè е изгубено, сè е пропаднато, ако Христос не воскресна – вели св. Златоуст, објаснувајќи ги овие апостолски зборови.

Без Христовото воскресение – сè е привид: и Христос, и сите негови дела, и севкупното Негово учење. Затоа и самиот Спасител уште за врeме на своето живеење на земјата укажуваше на своето воскресение како на настан кој ќе ја објасни и неговата Личност и Неговото дело. Така по своето Преображение Спасителот на своите ученици им заповеда никому да не му кажуваат шта виделе додека Тој да стане од мртвите. Зашто, дури во светлината на Воскресението станува јасен и настанот на Преображението, и целиот живот на Богочовекот и севкупното Негово учење, затоа што дури со своето воскресение од мртвите Исус неспорно и сеубедливо посведочи дека Тој навистина е Бог и Син Божји.

Пред Своето воскресение Спасителот поучувал за вечниот живот, но со воскресението покажа дека Тој навистина е вечниот живот. Пред Своето воскресение Тој поучуваше за воскресението на мртвите, но со воскресението покажа дека Тој навистина е воскресението од мртви. Пред Своето воскресение Тој поучуваше дека верувањето во Него преведува од смрт во живот, но со своето воскресение покажа дека ја победи смртта и со тоа на осмртените луѓе им го осигура преминувањето од смртта во бесмртноста. Со еден збор: севкупното учење на Спасителот ја добива својата потврда и образложение во Неговото воскресение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top