Како ретко кога салата „Борис Трајковски“ е преполна на половина час пред почетокот на мечот на Металург против германскиот ракометен гигант Кил.
Строгите безбедносни правила на ЕХФ но пред се возбудувањето во Македонија за успесите на Металург и Вардар е причината за преполната сала далеку пред почетокот на мечот.
А во салата се скандира „Сакаме победа“ и се поздравуваат играчите на екипата од Автокоманда.
Искрени поздрави од публиката има и за миленикот на „Пиратите “ Наумче Мјососки кој поради повреда не може да им помогне на своите соиграчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.