
Убиството на Раде Ракоњац, некогашен телохранител на Жељко Ражњатовиќ – Аркан, го платиле луѓе кои се во „војна“ со Лука Бојовиќ, пријател на убиениот, јави српски „Блиц“.
Собраните докази и сознанија покажале дека убиството на Ракоњац го платиле двајца бизнисмени од Србија и еден од Црна Гора.
– Сите тројца и претходно биле „на мета“ на Бојовиќ и неговиот клан и биле блиски до Слободан Шарановиќ, кој со водачот на новиот земунски клан води лична војна уште од 2009. година, јави истиот извор.
Двајцата „осомничени“ бизнисмени од Србија во моментов биле надвор од земјата, додека третиот бил во Црна Гора. Сите тројца се поврзуваат со старата Служба за државна безбедност, неколку убиства кои го потресоа целиот регион, но и за шверцерски зделки, кои им донеле милионски заработки.
– Полицијата верува дека тројцата платиле за убиството на Ракоњац за да ја избегнат сопствената смрт, нарачана од страна на кланот на Бојовиќ, пишува „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Поради него мислат дека Аркан е жив: Постојано има проблем со цариниците (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


