| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една седмица ќе се трага по малезискиот авион

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Подводната истрага по малезискиот „Боинг 777“ што изчезна на 8 март заедно со 239 патници и членови на екипажот, ќе трае уште една седмица, соопштија австралиските органи кои ја координираат операцијата за пронаоѓање на остатоците од авионот во водите на Индискиот океан.

По повеќе од еден месец потрага по остатоците на леталото, со помош на подводниот робот АУВ на американската Воена морнарица, реонот во кој се трага по авионот е сведен на радиус од 10 километри околу местото на кое на 8 април беа регистрирани звуци кои наликуваа на сигналите што ги емитуваат црните кутии.

Координативниот центар на операцијата соопшти дека поволните временски услови ја олесниле подводната потрага и роботот АУВ за пет до седум дена ќе заврши со проверката на целиот реон во кој се претпоставува дека се наоѓаат остатоците на авионот.Раководотелот на Координативниот центар Ангус Хјустон во понеделникот најави дека кон средината на оваа недела ќе биде прекината потрагата од воздух и на вода и дека таа ќе се насочи само на подводните пребарувања.

Но, и покрај ваквите најави на Хјустон потрагата од воздук со 11 воени авиони и на вода со 12 брода, продолжува. Подрачјето во кое се трага по авионот е со површина од околу 50.200 километри квадратни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top