
Рускиот претседател Владимир Путин изјави Украина мора да го плати долгот за доставениот гас, без разлика на актуелните случувања во таа земја. Во интервју за државната телевизијата „Росија“, Путин нагласи дека до 7 април Украина требала да плати 525 милиони долари за доставениот руски гас во текот на март, но дека досега не исплатила ниту цент од таа сума.
– Се договоринме дека ако Украинците не ги плаќаат тековните обврски, тогаш ќе преминеме на формулата за одредување на цената на ниво од 485 долари за метар кубен. Ние би можеле да го направиме тоа уште веднаш, бидејќи заостанатиот долг за гасот достигна 2,2 милијарди долари. Сепак, тоа нема да го сториме затоа што не сакаме да ја поткопаме украинската економија и да го довдеме во прашње транзитот на гас до Европа – изјави Путин.
Тој ја повика ЕУ финансиски да ја помогне Украина за да може земјата да си ги плаќа своите долгови и да не се загрози транспортот на гас за европските потрошувачи.
Путин нагласи дека Русија е подготвена да почека уште еден месец, но дека не може да чека вечно на парите што и ги должи Украина, додавајаќи дека руските даночни обврзници не се должни да ги покриваат проблемите на Украинците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


