| четврток, 6 декември 2018 |

Фашистички летоци во Донецк ги шокираа Евреите: Пријавете се, или ќе бидете протерани

ukraina evrei

Низ украинскиот град Донецк се расфрлани летоци на кои се порачува сите Евреи во градот да се „регистрираат“, или во спротивно ќе се соочат со депортација.

За време на излегувањето од синагогата на сите постари од 16 години им биле дадени памфлети на кои пишува дека мораат да го пријават целиот нивни имот и да платат по 50 долари за да се регистрираат за да им биде издадена посебна патна исправа во која би била назначена нивната вероисповед. Летоците со нацистички призвук ги делеле тројца мажи со скијачки маски на лицата а во рацете држеле руско знаме, јавуваат израелските медиуми.

На памфлетот бил потпишан Денис Пушилин, кои се назначи како шеф на привремената влада во Донецк. Пушилин рекол дека летоците се дистрибуирани пдо негово име, но тој нема никаква врска со случајот.

– За да се регистрира вашата вероисповед потребна ви е лична карта, црквен документ за членови на семејството, како и документи за сопственост над недвижен и движен имот. Ако не го направите тоа ќе бидете протерани и ќе ви биде одземен целиот имот, се вели во памфлетот.

32 годишната Еврејка од Донецк, Олга Резникова вели дека до сега во својот град никогаш не почувствувала антисемитизам.

– Не знаеме дали овие летоци ги поделиле проруски активисти или некој во нивно име, но страшно е што воопшто постојат. Текстот потсетува на некои фашисти од 1941 година, , вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top