| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Што ќе ни е Алјаска?

Putin130912

Пензионерката Фаина Ивановна за време на програмата „директна линија“ го праша претседателот на Русија, Владимир Путин, каква е веројатноста Руската Федерација да ја присоедини Алјаска, пренесува Руска реч.

Претседателот потсети дека „Алјаска е продадена во 19 век. Илјадници квадратни колометри за 7,2 милиони долари во злато. Тоа не е скапо“.

„Ние имаме северна земја. 70% од нашата територија припаѓа на Северот и Крајниот Север. Алјаска, исто така, е студена. Фаина Ивановна, мила, што не ни е Алјаска? Ајде да не се возбудуваме поради тоа. На луѓето би требало да им дадеме зголемени плати за работа во отежнати северни услови. Треба да ги пресметаме буџетските трошоци“, се пошегува претседателот.

Да потсетиме дека неколку дена после присоединувањето на Крим кон Русија, на интернет-страницата на Белата куќа се појави петиција со име „Да се врати Алјаска на Русија“. Петицијата, објавена на 21 март до 17 април, се потпишаа 43.399 лица. Белата куќа ги зема на разгледување само петициите кои собираат 100.000 потписи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top