Менаџерот на нуклеарната централа Фукушима призна дека управата нема контрола над постројките. Според директорот на ТЕПКО Акира Онно обидите за сопирање на истекувањето на радиоактивната вода биле неуспешни.
– Срамно е да признаам, но има места над кои немаме целосна контрола, признал Оно за време на обиколката на централата неделава, пренесува Ројтерс.
Јапонскиот премиер лани во обид да ја смири јавноста и да го убеди светот дека се е во ред изјави дека ситуацијата е под контрола во централата.
Сепак во последните неколку месеци процедурата за расчистување на централата се соочила со проблеми.
ТЕПКО постојано се соочува со истекување на контаминирана вода од реакторите. Потребно е да се испумпува вода во оштетените реактори во обид да се спречи прегревање, но овој процес создава многу големи количини контаминирана вода која мора да се складира во цистерни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јапонците дури сега го пронашле осиромашениот ураниум од Фукушима (видео)
-
Вонредна состојба поради „Фукушима“: Протекува нуклеарно гориво, радијацијата предизвикува моментална смрт
-
Трошоците за расчистување на Фукушима зголемени на 190 милијарди долари
-
Нова туристичка понуда во Јапонија: Екскурзија во Фукушима