| четврток, 6 декември 2018 |

Меџик Џонсон: Џери Бас беше голем визионер и неверојатен бизнисмен

„Џери Бас беше голем визионер и неверојатен бизнисмен. Засекогаш ќе ја паметам неговата насмевка и љубов кон Лејксерси“, напиша на својот Твитер профил, Меџик Џонсон, легендата на Лос Анџелес лејкерс.

Сопственикот на Ел-Еј лејкерс, Бас, почина денеска на 80-годишна возраст, откако му откажаа бубрезите.

Тој го презеде тимот во 1979 година, навистина покажувајќи дека е визионер. Бас плати, за тоа време огромна сума од 16 милиони долари, но влогот се исплатеше.

Стана најтрофеен сопственик на клуб во НБА-лигата, со оглед на фактот дека под негово водство „езерџиите“ наредија дури десет шампионски прстени. Најдобра потврда за извонредните менаџерски способности на Бас, е неодамнешната проценка дека Лејкерс сега вредат, неверојатна една милијарда долари.

 

Џери Бас од 2010 година е член на Куќата на славните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top