Повремената конзумација на марихуана кај помлади возрасни лица, поврзана е со промени во структурата на делови во мозокот клучни за мотивација, емоции и наградување.
Американски научници од „Massachusetts General Hospital“ утврдиле дека конзумацијата на марихуана доведувала до значајни промени во облик на густината на некои делови на мозокот.
Најмногу биле погодени амигдалата и нуклеус акумбенс, пишува „Журнал оф Неуросаенс“.
Истражувачите додаваат дека ваквите промени по конзумацијата на релативно мали количини марихуана, го зголемуваат ризикот за развој на зависност.
Според нив, воочениот ризик е дополнително зголемен кај млади испитаници. Во претходните студии слични промени во структурата на мозокот се откриени само кај лица кои често конзумираат марихуана.
Во новото истражување учествувале 40 испитаници на возраст од 18 до 25 години кои марихуана конзумирале најмалку еднаш неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


