| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец претепан од полубраќата на неговата ќерка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А.(49) за сторено кривично дело учество во тепачка и против А.Ф.(24) и Б.Ф (22), сите од Тетово, за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

На 27 февруари, околу 20:00 часот, првопријавениот со неговата малолетна ќерка додека поминувале  пред куќата на Н.Ф. во с.Теарце, истата сакала да се  види со нејзината мајка, која живеела со Н.Ф.

Во тој момент излегле синовите на Н.Ф., кои започнале расправија, а потоа и тепачка со К.А., при што со метални предмети му нанеле тешки телесни повреди, по што К.А. е пренесен во Клинички центар Тетово, а оттаму поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top