Поранешната премиерка на Украина и претседателски кандидат на изборите кои треба да се одржат на 25 мај, таа практично најави формирање на своја паравојска.
Тимошенко во интервју за сајтот „Радио Слободна Европа“ го поддржа создавањето на бригади за територијална самоодбрана во источните области Запорожје, Дњепропетровск и Харков.
– Ќе препорачаме поставување на командири на тие теритроијални бригади за самоодбрана кои ќе ги мобилизираат луѓето – изјави Тимошенко и ги повикa властите во Киев веднаш да прогласат вонредна состојба во источниот регион.
Во програмата прикажана во украинските медиуми, Тимошенко која поранешната власт ја затвори поради корупција, беше конкретна и се заложи за формирање на паравојска која базата ќе ја има во својата партија.
– Одлучив во овој момент да направам се што можам да го поддржам движењето на луѓето кои се подготвени да ја бранат Украина – изјави поранешната премиерка.
Ова своевдино движење на отпорот би требало да го сочинуваат луѓето кои имаат искуство во воените операции и кои ја познаваат воената стратегија.
Се поставува прашањето колку војска може Тимошенко да собере, со оглед на тоа дека не е толку популарна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


