Тројца загинаа, а 13 се ранети во судирите во Украина во воената база во Мариопул, изјави министерот за внатрешни работи Арсен Аваков. Аваков ова го напиша на својот профил на „Фејсбук’.
Руските медиуми јавија дека исчезна новинарката Лифеневска Кристина Бабаева, по пукотниците што се случија синоќа. Таа била на задача и ги следела настаните во Мариопул.
Група од неколку десетици демонстранти стигнала во базата што се наоѓа во регионот на Донецк во средата навечер. Тие ги повикаа украинските војници да ја напуштат базата, но војниците не послушале, наведуваат демонстрантите, пренесува „РТ“.
Некои од локалните медиуми јавија дека демонстрантите биле вооружени со молотови коктели. Во некои извештаи се наведува дека два залутани куршуми ги погодиле блиските згради, односно завршиле во становите и ги оштетиле плинските цевки.
Во Донецк со деновии е напнато, а од минатата седмица течат протестите на прорускитте демонстранти. Тие запалиле неколку владини згради изминатите денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина