Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски од Отвореното студио пред почетокот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп истакна дека новите 57 проекти предвидени за земјоделците во новата програма „Проверено“, како и новите 600 милиони евра поддршка на земјоделците се реалност.
Во новата програма во рамките на тие 57 проекти има капитални инвестиции, градење на брани, системи за наводнување, многу значајни инфраструктурни проекти, продолжуваме со поддршката 50:50, каде 50 отсто од набавката на одредена земјоделска механизација ги плаќа земјоделецот, а 50 отсто Владата преку програмата за рурален развој – истакна Коњановски.
Посочи дека силната поддршка на земјоделието продолжува и понатаму, потенцирајќи дека во новата програма може да се пронајде секој змјоделец, секое село, како и секој сектор од земјоделието.
Како финансиска поддршка, рече, во наредниот 4-годишен период ќе бидат распределени по 150 милиони евра директна поддршка на земјоделците.
– Преку овие 57 проекти ќе инвестираме и во освојување на нови пазари, промоција на македонските производи, отворање на продавници за продажба на органска храна во соработка со производителите на органска храна во поголемите центри – нагласи Коњановски.
Тој истакна дека во последните неколку години повеќе од две милјарди денари се доделени само како субвенции на земјоделците во прилепско.
-Покрај директните финансиски плаќања има и два проекти кои ќе бидат спроведени во прилепско од програмата за рурален развој, тоа е проектот за изградба на фекална канализација во селото Мало Коњарии со повеќе од 15 милиони денари и во селото Големо Коњари каде што ќе работиме на нова инфраструктура, односно нови патишта, поддршка од околу 6 милиони денари, рече Коњановски, додавајќи дека вакви слични проекти се планирани и за останатите рурални населени места во Прилепско.
Како никогаш досега, рече тој, во оваа програма може да се види поддршката на ВМРО-ДПМНЕ кон македонските села.
– Само до 2016 година ќе инвестираме во 195 села во 73 општини, секое од овие села ќе добие или фекална канализација или водовод, или ќе се изгради асфалтен пат, плоштад и слично. Тоа се проекти кои се веќе буџетирани во програмата и проекти кои ќе завршат до 2016 година. Но, тука нема да застанеме, вакви проекти ќе продолжиме да реализираме и 2017 и во 2018 година – рече Коњановски.
Додаде дека само за овие 195 проекти се предвидени една милјарда 722 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
Димитриевски: СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра
-
Предупредување до земјоделците: Невообичаено студен бран доаѓа во Македонија
-
СДС не им мисли добро на земјоделците и на граѓаните на Република Македонија