| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во општина Брвеница: 62 пратеници за крај на уцените

Денешните активности на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во изборната единица 6, Никола Попоски, продолжија со посети на населените места во општина Брвеница, односно селата Седларце, Теново и Челопек.

IMG_0038-1000Celopek

Во Челопек, Попоски ја посети старата црква од 14 век “Св. Никола”.

IMG_0051-1000Celopek

На средбите со жителите на споменатите села, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6 ги претстави проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено” за тетовскиот и гостиварскиот реон и побара уште позасилена поддршка од гласачите во општина Брвеница во вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори на 27 април.

IMG_0030-1000Celopek

 

Воедно, Попоски укажа за значењето од добивањето на 62 мандати во Собранието на Република Македонија во справувањето со сите внатрешни и надворешни предизвици од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

IMG_0061-1000Celopek

 

IMG_9965-1000Sedlar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top