
Макс Вертин, осумгодишник кој боледува од ретка болест, имал желба да лета како неговиот омилен суперхерој Ајронмен. Неговиот сон се остварил, па сега Макс е познат како Ајрон Макс.
Макс, благодарејќи на здружението „Замисли желба“, доби шанса да лета во објект кој изгледа како затворен падобран.
Тој боледува од дисторзија на мускулите, генетско нарушување од кое најчесто заболуваат момчиња.
Макс бил пресреќен кога добил одело на Ајронмен.
– Ова е супер, токму тоа ни беше потребно. Супер е чувството кога не си на лекар. Одлично се забавувавме – изјави неговата постара сестра Лекси.
И мајката се согласува со таа констатација.
– Макс заслужува барем на кратко да се почувстува како дете – изјави неговата мајка Бети.
Макс има два помллади браќа кои боледуваат од истата болест. Оваа болест го погодува и срцето, па пациентите не успеваат да доживеат ниту тинејџерска возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


