| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе биде кралски миленик? Реал – Барса во финалето на купот на Шпанија

Не постои ништо поважно кога играат Реал и Барселона. Вечерва во Валенсија се игра за торфеј. Финалето на купот во Шпанија заслужи во него да играат најголемите ривали во светот.
110 финале на кралскиот куп ќе се одигра во Валенсија на стадионот Месталја.
Отсуството на Роналдо е голем хендикеп за Реал. Тој не доби дозвола за настап поради повреда. Барселона е ослабена во одбранбената линија со неиграњето на Пике и Пујол. Многу калкулации и очекувања.
Ова е само седмо финале во кое победникот ќе го одлучуваат големите ривали. Резултатот е 3-3.
Барселона е лидер со 26 титули, додека Реал има осум помалку. Последниот нивни дуел заврши со седум погодоци. Каталонците победија во првенствениот натпревар во Мадрид со 4-3. Да се надеваме дека и вечерва ќе натпреварот ќе изобилува со погодоци.

Натпреварот во Валенсија започнува во 21.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top