
МВР досега поднело шест пријави за тепачката во Радишани. Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пет пријави се прекршочни, а една е кривична и се однесува за момчето кое со автомобил влета во толпата. За него е одредена и мерка притвор.
Меѓу пријавените се учесници во тепачката од двете страни. Од МВР најавија дека пријави ќе има за сите останати учесници во инцидентот.
– По однос на мотивите и целата реконструкција на настанот, надлежноста е кај обвинителот и во понатамошна постапка обвинителот може да утврдува и други мотиви. Но, како што и првично информиравме уште веднаш по инцидентот, во никој случај не може да се доведе во корелација со изборни нерегуларности – соопшти министерката Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


