| четврток, 6 декември 2018 |

Сите учесници во инцидентот во Радишани ќе добијат пријави

 tepacka radisani

МВР досега поднело шест пријави за тепачката во Радишани. Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пет пријави се прекршочни, а една е кривична и се однесува за момчето кое со автомобил влета во толпата. За него е одредена и мерка притвор.

Меѓу пријавените се учесници во тепачката од двете страни. Од МВР најавија дека пријави ќе има за сите останати учесници во инцидентот.

–          По однос на мотивите и целата реконструкција на настанот, надлежноста е кај обвинителот и во понатамошна постапка обвинителот може да утврдува и други мотиви. Но, како што и првично информиравме уште веднаш по инцидентот, во никој случај не може да се доведе во корелација со изборни нерегуларности – соопшти министерката Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top