Снежни врнежи и температура од 0 Целзиусови степени во Охрид среде пролет. Вистинско изненадување не е падот на температурата, туку снегот, објави „Охрид нет“.
Утринава во 7.30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патните правци Маврово – Дебар, како и на планинскиот премин Ѓавато. Од 8 часот е воведена забрана на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, Тетово – Попова Шапка и на планинскиот премин Стража.
Фото: Охрид 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.